На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Дождот престанува, но доаѓаат минусни температури
До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.
Марта Кос денеска ќе го престави пакетот за проширување на ЕУ
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година.
Плаво цунами на изборите во САД Демократите освоија мнозинство и во Конгресот и во Сенатот
Претседателот Доналд Трамп и лидер на МАГА движењето на својата социјална мрежа го призна изборниот пораз, а за тоа го обвини слабиот одзив на републиканските изборачи.


