На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени
Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.
Уапсен 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора
Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.
Цената на нафата падна на најниско ниво за една недела поради надежите за смирување на судирот на Блискиот исток
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат и достигнаа најниско ниво за една недела, откако инвеститорите позитивно реагираа на сигналите дека судирот на Блискиот исток би можел да се смири по дипломатски пат.


