На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Грејната сезона започнува на 15 октомври
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.
Урсула фон дер Лајен започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан
Првата станица од нејзината посета е Албанија, каде што пристигнува денеска. Во петок на 2 октомври, шефицата на Европската комисија ќе ја посети Македонија, а предходно е во Косово, Црна Гора. Овој пат, Србија и Босна и Херцеговина не се вклучени во планот на посетата.
Трамп: Не знам дали Иран ќе се предаде но им оди многу лошо
Медиумите пренесуваат изјави на официјален Техеран кој искажува песимизам во поглед на можноста да се постигне договор за прекин на непријателствата и отварање на Ормутскиот теснец пред американските среднорочни избори во ноември.


