На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.

Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.

Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.

Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.

Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

 

Слични новости

Најмалку 35 000 луѓе умреа во Европа како последица на топлотните бранови

Најмалку 35 000 луѓе умреа во Европа како последица на топлотните бранови

Смртноста во три големи земји на ЕУ-Германија, Франција и Шпанија надмина 25 000, а стручњаците очекуваат дека бројот на жртвите драстично ќе се зголеми, откако ќе бидат објавени податоците за абгуст, пишува Гардијан.

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна на обвинителна клупа, но рочиштето се одложи за 7 септември за одбраната да направи увид во доказите. Во случајот за слоупотреби во Државна лотарија, покрај Груби, се гонат уште седум лица