На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.

Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.

Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.

Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.

Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

 

Слични новости

Триумф на студентската листа во Србија, славје до раните утрински часови, откорнат „Чациленд“

Триумф на студентската листа во Србија, славје до раните утрински часови, откорнат „Чациленд“

По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.

Рекорден одзив на парламентарните избори во Србија, огромен број неправилности и инциденти на гласањето

Рекорден одзив на парламентарните избори во Србија, огромен број неправилности и инциденти на гласањето

Изборите во Србија се третираат како историски, а директен судир на изборите има Студенстката листа по две години протести на студентите на улиците и СНС на актуелниотпретседател Александар Вучиќ кој е веќе 14 години на власт.