На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.

Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.

Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.

Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.

Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

 

Слични новости

Николоски бара помош од германските бизнисмени за слободно движење на стоките

Николоски бара помош од германските бизнисмени за слободно движење на стоките

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ги повика германските бизнисмени да помогнат со лобирање кај тамошните власти, нагласувајќи дека ограничувањата директно влијаат врз транспортот на стоки и реализацијата на инвестициите.