Имате коса? Не може да влезете и да го гледате филмот ! Ова е правилото за специјализираната затворена премиера на најновиот филм на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, со Ема Стоун во главната улога. Во филмот Ема Стоун игра со избричена глава, па посетителите ќе мора да имаат исто така избричена глава.
Проекцијата е закажана во 20 00 часот во Лос Анџелес, а од 18.00 за посетителите на располагање ќе има бербер кој ќе им ги избричи главите, или може да влезат, откако претходно ја избричиле главата.
Дел од процесот на бричење на посетителите, ќе биде сниман. Бугониа е четврти филм во кој Оскаровката Ема Стоун соработува со Јоргос Лантимос, а за улогата во „Кутри суштества“ на грчкиот режисер доби и Оскар за главна женска улога.
Слични новости
Почина актерот Питер Грин
Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена
Откриена фреска на „Добриот пастир“ во древен гроб
Фреската го покажува голобрадиот Исус Христот, млад и облечен во тога, со јаре преку рамото, што е еден од ретките примери на приказ на Иус Христос со изразени римски атрибути на теренот на Анадолија.
Вим Вендерс на чело на жирито на 76-то Берлинале
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави во петокот директорката на фестивалот Триша Татл


