Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026 против селекцијата на Романија.
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и -12, додека Романија е последна без освоен бод.
Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, ни и третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027.
Слични новости
Егзибицискиот меч Тајсон-Мејведер во Конго на 25 април
Егзибицискиот меч меѓу боксерските легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се одржа славниот меч меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман за светската титула во 1974.
Милан му нуди на Модриќ да го продолжи договорот
И покрај тоа што е во петттата деценија од животот Лука Модриќ сезонава е еден од најдобрите играчи на Милан и управата на клубот му нуди да го продолжи договорот за уште една година.
Камерон Пејн заминува од Партизан и се враќа во НБА лигата во Филаделфија
Српските медиуми објавуваат дека Партизан ќе добие обештетување од 1.750.000 долари за трансферот на Камерон Пејн.


