Иконата на американската музичка сцена Арета Френклин, на денешен ден во 1987 стана првата жена која беше примена воКуќата на славните.

Ќерка на баптистички свештеник, воспитана на мелодиите на госпелот со легендите како Махалија Џексон и Клара Ворд, успеа нејзиниот единствен вокален талент со распон од друи четири октави, да и го донесе епитетот „Кралица на солулот“.

Пикот на нејзината слава беше во 60-тите години, а нејзиниот албум од 1968 „Лејди Соул“ забележа рекордна продажба. Во 70-тите повторно ја врати славата по куса стагнација поради нејзината улога во филмот „Браќата Блуз“.

Арета Френклин останува запаметена не само како исклучителна пејачка, туку и како симобол на силата и борбата за женска еманципација.  

Слични новости

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.