На Волстрит, индексот S&P 500 достигна ново рекордно ниво во понеделникот, како и Nasdaq, главно благодарение на силниот пораст на цените на акциите на технолошите гиганти „Alphabet“ и „Tesla“.

Индексот Dow Jones порасна за 0,11 отсто на 45.883 поени, додека S&P 500 порасна за 0,47 отсто на 6.615 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,94 отсто на 22.348 поени.

Новите рекорди за индексите S&P 500 и Nasdq се во голема мера благодарение на силниот пораст на цените на акциите на „Alphabet“ и „Tesla“.

Акциите на матичната компанија на Google пораснаа за повеќе од 4 отсто, со што пазарната вредност на „Alphabet“ достигна повеќе од 3 трилиона долари.

Цената на акциите на „Tesla“ порасна за повеќе од 3,5 отсто откако беше објавено дека извршниот директор Илон Маск купил акции од производителот на електрични автомобили во вредност од повеќе од милијарда долари во петок.

Пазарот е во добро расположение бидејќи се очекува американската централна банка да ги намали каматните стапки за 0,25 отстотни поени оваа седмица. Постојат шпекулации дека Федералните резерви ќе ја намалат цената на парите барем уште еднаш до крајот на годината, бидејќи пазарот на трудот слабее.

Сепак, просторот за намалување на каматните стапки е доста ограничен бидејќи инфлацијата расте во последните месеци поради царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп и се движи далеку над целните нивоа на Федералните резерви од околу 2 отсто.

„Пазарот се движи во позитивна насока благодарение на сценариото во кое пазарот на трудот е доволно слаб за да го наведе Федералните резетви да ги намали каматните стапки, и тоа не само еднаш, без да го оштети економскиот раст. Мислам дека пазарот ќе биде разочаран ако Федералните резерви не сигнализира по состанокот дека има намера дополнително да ги намали каматните стапки“, вели Керол Шлајф, директорка во компанијата „BMO Family Office“.

И на повеќето европски берзи, цените на акциите пораснаа вчера. Сепак, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,07 отсто, на 9.277 поени, но франкфуртскиот DAX порасна за 0,21 отсто, на 23.748 поени, а парискиот CAC за 0,92 отсто, на 7.896 поени.

globe

Слични новости

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, но сепак се на пат да да ја завршат трговската седмица со вкупни загуби, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор