Најуспешен филм на кино благајните ширум светот за 2025 е кинескиот анимиран филм „Не Жа“ кој заработи 2,1 милијарди долари, главно на домашниот пазар. Два холивудска филма ја надминаа бројката од милијарда долари заработувачка во 2025, тоа се анимираниот филм „Зоотопиа 2“ и „Лило и Стич“, обата на студиото Дизни.

Потоа следуваат „Мајнкрафт муви“ на Ворнер, видео игра која беше филмувана со заработка од 858 милиони долари, па „Светот Јура: Препород“ кој заработи 869 милиони долари на кино благајните.

Последниот Аватар на Џејмс Камерон е на шестата позиција со заработка од 859 милиони долари, но филмот почна да се прикажува на крајот од годината па во јануари ќе ја надмине бројката од милијарда долари.

Слични новости

Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг

Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг

Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас