Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.

Шестмина од повредените се хоспитализирани, вклучително и бебето. Во нападот се целосно разрушени горните катови на повеќекатна станбена зграда, додека експлозивниот бран оштетил и соседни објекти и гасовод со низок притисок.

Надлежните служби се на терен и работат на санирање на последиците од нападот. Засега нема информации за други повредени.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.