Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 120 се повредени при удар на два руски дрона во трговски центар во градот Криви Рог, во централна Украина, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има 22 деца, рече регионалниот гувернер, Олександар Хања.

Украиснкиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „целосно циничен и подол“, наведувајќи дека вториот руски дрон го погодил трговскиот центар по половина час од првиот, со намера, како што додаде, „да ги погоди припадниците на итните служби“.

„Ваквите напади не се ништо друго освен терористички акти. Апсолутно руско ѕверство. Тие се монструми, сигурно ќе одговориме“, напиша Зеленски на Икс.

 

Слични новости

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.