Холивудските студија имаат причина за задоволство бидејќи луѓето се повеќе се враќаат во кино салите, а Новогодишниот Бокс офис е најдобриот по ковид пандемијата. Една од причините секако е шареноликата понуда на филмови.

На Бокс офисот сеуште доминира „Аватар: Огин и  Пепел“ третиот дел од франшизата на Џејмс Камерон кој во неделата и официјално надмина една милијарда долари добивка на Бокс офисот.

Цртаниот филм Зоотопиа 2 сеуште постигнува импресивни резултати. Втор е на Бокс офисот, а вкупната заработка на филмот достигна фантастични 1.558  милијарди долари глобално, што го прави еден од најуспешните филмови според заработка на сите времиња. Двата водечки наслови кои  надминаа милијарда долари заработка се на студиото Дизни.

Трет е „Домаќинката“ на Лајонсгејт, кој за две недели прикажување стигна до бројката од 133 милиони долари заработка.

„Марти Суприм“ биопикот за поранешен светски првак во Бокс со Тимоти Шаламе е четврти и сеуште остварува подобри резултати од хит комедијата „Анаконда“ со Том Ротман, Овен Вилсон и Џенифер Лопез. Филмот заработи 88 милиони долари, наспроти скромниот буџет за продукција на блокбастер од 45 милиони долари.  

Слични новости

Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност

Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност

Семејството Озборн, предводено од Џек Озборн и неговата сестра Еми конечно го одбра глумецот што ќе го игра легендарниот рокер и фронтмен на „Блек Сабат“ во биографски филм за Озборн на кој долго се работи.

Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава

Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава

Актерката Џенифер Лоренс соопшти дека не ја добила улогата на Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантиво „Било еднаш во Холивуд“ затоа што продуцентите на филмските студија не ја сметале за доволно убава.