Пожарот кој беснее во белгискиот резерват на природата Хај Фенс стигна на околу 300 метри од германскиот град Моншау кој делумно е евакуиран, пренесуваат денеска германските медиуми.
Германските служби за вонредни ситуации очекуваат дека пожарот ќе се прошири на германска територија во наредните часови.
Борбата против огните јазли во Хај Фанс и натаму е многу тешка затоа што пожарникарите се соочуваат со силни и променливи ветришта, изјави белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квентин.
Најголемиот шумски пожар во историјата на Белгија зафати 3.000 хектари.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.