Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изрази загриженост поради измените во програмата за сеопфатно сексуално образование, оценувајќи дека во процесот на донесување одлуки недоволно се слушаат мислењата и потребите на младите.

Од Советот посочуваат дека програмата, првично замислена како изборен предмет за средношколците, била ревидирана и преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, при што биле отстранети или изменети делови што се однесуваат на родот, контрацепцијата и сексуалното здравје.

Советот бара Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието јавно да објаснат дали учениците и младинските организации биле консултирани при измените на програмата и на кој начин биле земени предвид нивните ставови.

Дополнително, бараат да се организира структуриран дијалог со средношколците, ученичките организации и младинските здруженија, како и да се преиспита ревидираната програма врз основа на стручни докази и реалните потреби на младите.

 

Слични новости

Обвинение за поткуп на инспектори во случајот „Пулс“

Обвинение за поткуп на инспектори во случајот „Пулс“

Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог за шест други лица за сомневања за поткуп, злоупотреба на службената положба, оддавање службена тајна и фалсификување службени исправи.