Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изрази загриженост поради измените во програмата за сеопфатно сексуално образование, оценувајќи дека во процесот на донесување одлуки недоволно се слушаат мислењата и потребите на младите.
Од Советот посочуваат дека програмата, првично замислена како изборен предмет за средношколците, била ревидирана и преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, при што биле отстранети или изменети делови што се однесуваат на родот, контрацепцијата и сексуалното здравје.
Советот бара Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието јавно да објаснат дали учениците и младинските организации биле консултирани при измените на програмата и на кој начин биле земени предвид нивните ставови.
Дополнително, бараат да се организира структуриран дијалог со средношколците, ученичките организации и младинските здруженија, како и да се преиспита ревидираната програма врз основа на стручни докази и реалните потреби на младите.
Слични новости
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.