Директорите на најголемите американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека енергетската криза предизвикана од војната со Иран може дополнително да се влоши, ако продолжат нарушувањата во Ормускиот теснец, објави  Волстрит џурнал“.

За време на состаноците одржани минатата недела во Белата куќа, раководителите на големите енергетски компании ги предупредија официјалните лица дека нестабилноста на оваа клучна транспортна рута може дополнително да ги зголеми цените на нафтата и да предизвика недостиг од рафинирани горива.

 

На состаноците присуствуваа раководителите на „ЕксонМобил“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“, кои предупредија дека конфликтот и нарушувањата во превозот со танкери би можеле да одржат висока нестабилност на енергетските пазари.

Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.