Директорите на најголемите американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека енергетската криза предизвикана од војната со Иран може дополнително да се влоши, ако продолжат нарушувањата во Ормускиот теснец, објави „ Волстрит џурнал“.
За време на состаноците одржани минатата недела во Белата куќа, раководителите на големите енергетски компании ги предупредија официјалните лица дека нестабилноста на оваа клучна транспортна рута може дополнително да ги зголеми цените на нафтата и да предизвика недостиг од рафинирани горива.
На состаноците присуствуваа раководителите на „ЕксонМобил“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“, кои предупредија дека конфликтот и нарушувањата во превозот со танкери би можеле да одржат висока нестабилност на енергетските пазари.
Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.
Слични новости
Русија заработи 6 милијарди долари од двете недели војна во Иран
Русија заработи дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Европските берзи и денеска во пад
Европските берзи и денеска бележат главно негативни резултати, пред се како последица на војната на Блискиот исток.


