Директорите на најголемите американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека енергетската криза предизвикана од војната со Иран може дополнително да се влоши, ако продолжат нарушувањата во Ормускиот теснец, објави „ Волстрит џурнал“.
За време на состаноците одржани минатата недела во Белата куќа, раководителите на големите енергетски компании ги предупредија официјалните лица дека нестабилноста на оваа клучна транспортна рута може дополнително да ги зголеми цените на нафтата и да предизвика недостиг од рафинирани горива.
На состаноците присуствуваа раководителите на „ЕксонМобил“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“, кои предупредија дека конфликтот и нарушувањата во превозот со танкери би можеле да одржат висока нестабилност на енергетските пазари.
Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.
Слични новости
Златото расте по сигналите од Фед и најавите за можно повлекување на Трамп од војната
Златото го продолжи растот втор ден по ред по коментарите од Федералните резерви што ги намалија очекувањата за зголемување на каматните стапки
Европските индекси варираат, нафтата Брент 107 долари
Европските индекси на берзите денеска варираат, а нафтата Брент се продава за 107 долари по барел по извештајот дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја оконча воената кампања против Иран
Министерот зна ЕУ за енергетика Јоргенсен порача дека Европа треба да се подготви за пореметување на енергетските пазари
Владите на државите членки на ЕУ би требало да се подготват за долготрајно пореметувања на енергетските пазари како последица на војната со Иран, порача комесарот за енергетика на ЕУ Дан Јоргенсен.


