Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
Европските берзи под притисок по распродажбата на технолошките акции
Европските берзи се под притисок по распродажбата на акциите на технолошките компании поврзани со вештачката интелигенција која ги зафати берзите во Азија и САД. Ова ги поттикна инвеститорите капиталот да го пренасочат кон други сектори.
Инфлацијата во Турција во мај порасна за 32,6 насто
Најголем раст на цените е забележан во образованието, дури 50 насто, објави Хуриет. Растот на цените е забрзан и кај храната и безалкохолните пијалоци, каде што инфлацијата достигна 34,9 насто.
Поскапувањето на пченицата и шеќерот ги качи цените ширум светот
Светските цени на храната во мај се блиску до тригодишниот максимум, а житото и житните производи, како и шеќерот, драстично поскапеа, објави денеска Организацијата за храна и земјоделие на ОН ФАО:


