Цените на енергентите на светските пазари продолжуваат да растат, а цената на сировата нафта Брент денеска се продава за над 106 долари за барел.

Американската лесна сирова нафта ВТИ ја надмина границата од 100 долари и се продава за 101 долар за барел.

Европскиот природен гас повторно се качи на 80 евра за мегават час.

Како последица на растот на цената на енергентите европските берзи се во пад. Германскиот ДАКС падна за 0,30 насто, додека лондоснки ФТСЕ за 0,57 насто.

Благ пад бележат и американските берзански индекси.

 

Слични новости

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Цената на нафтата Брент за испораките во декември порасна за 0,61 насто на 106,33 долари за барел, додека американската нафта ВТИ за ноемвриските испораки поскапе за 0,63 насто на 94,73 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.