Цената на нафтата Брент денеска падна на 102 долари за барел поради големите очекувања од состанокот меѓу претседателите на САД и Кина Доналд Трамп и Си Џинпинг.

Фјучерсите на северноморската нафта Брент паднаа за 1,71 насто на 102 долари за барел, додека американската нафта ВТИ падна за 1,96 насто на 98,33 долари за барел.

На падот на цената влијаеше и проценката на американската банка Џеј Пи Морган дека тековите на нафтата од Блискиот исток останале изненадувачки силни и покрај пореметувањата на саудискиот нафтовод Исток-запад.

Фјучерсите на гасот во Европа се движат околу 80,5 евра за мегават -час, додека европските берзански индекси се главно во плус.

 

 

Слични новости

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Продажбата на првиот преклопен телефон на Ејпл ДУО, почна денеска, а пазарните аналитичари следат дали овој модел ќе успее да го смени пазарот на преклопни телефони, како што своевремено ајфонот го смени пазарот на смарт телефоните