Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.

Европските берзански индекси денеска стагнираат додека инвеститорите ги очекуваат податоците за набавки во еврозоната, за да може да ги следат активностите во приватниот сектор во Германија, Франција и Велика Британија.

Американските берзи синоќа на затворањето забележаа падови. Индустриската берза Дау Џонс падна за 1,32 насто, додека технолошката берза Насдак падна за еден процент.

Цената на златото и натаму расте и сега изнесува 4.563 долари за унца.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно