Цената на сировата нафта Брент денеска порасна на повеќе од 98 долари за барел, што е највисоко ниво во последните шест недели.

Поскапувањето се должи на новите ескалции на Блискиот исток и соопштението на Иран дека му доаѓа крај на договорот со Оман за управување со бродскиот промет низ Ормутскиот теснец.

Порасна и цената на сировата американска нафта ВТИ на 93,5 долари за барел, пренесоува Трејдинг економикс. Цената на сировата нафта ВТИ денеска е на највисоко ниво во последните три месеци.

На берзите незначително поскапеа и цените на златото и среброто.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.