Цената на нафтата Брент денеска се продава за повеќе од 99 долари за барел, што е највисока цена на нафтата на берзите во последните три месеци. Скокот на цената на нафтата е предизвикан од најновите ескалции меѓу Иран и САД во Ормутскиот теснец.

Аммериканската сирова нафта ВТИ се продаваше за цена од 94 долари за барел, што е нејзино највисоко ниво во последните шест недели.

Истовремено, скокна и цената на европскиот природен гас кој сега изнесува 77 евра за мегават-час.

Како резултат на скокот на цената на енергентите, европските берзански индекси денеска се главно во пад.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.