Глечерите на Алпите се топат многу брзо и за неколку децении би можеле целосно да исчезнат, покажа најновото истражување. Од 2000 година површината на глечерите е намалена за 39 насто како последица на глобалното затоплување.
Научниците предупедуваат дека сите алпски глечери под 3.500 метри висина може да исчезнат до 2050 година.
Некои од глечерите на италијанските алпи почнаа да се распаѓаат на неколку делови и сосема ја загубија својата форма.
Научниците сметаат дека годишно исчезнуваат околу 408 милијарди тони мраз.
Слични новости
Шпанија собори четири Гинисови рекорди со освојувањето на Светското првенство
Гинисовата книга на рекорди соопшти дека по завршувањето на Светското првенство во фудбал Шпанија собори дури четири светски рекорди. Најважниот е низа од 38 натпревари без пораз.
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
