Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Алијансата мора да ја продолжи силната поддршка на Украина за Киев да биде што е можно посилен во моментот кога ќе почнат мировните преговори со Русија. Меѓу членките на НАТО сеуште нема согласност за долгорочно финансирање на воената помош за Украина по 2026 -тата година.

Руте оцени дека украинските сили во последно време бележат успеси на фронтот, што го признал и американскиот претседател Доналд Трамп за време на нивниот разговор во Белата куќа.

Извори од украинската влада тврдат дека Трамп се повеќе е наклонет кон засилување на американската помош за Украина и дека би можел да го засили притисокот врз Москва.

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.