Народната банка на Србија (НБС) донесе одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за ликвидноста на банката. Одлуката е донесена со цел заштита на штедачите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, соопшти српската централна банка.
По одземањето на лиценцата, надлежниот суд треба да ја назначи Агенцијата за осигурување на депозити за стечаен управник.
Според најавата на НБС, исплатата на осигурените депозити и располагањето со средствата на штедачите треба да започне во рок од седум работни дена, согласно законските прописи.
Слични новости
Тепачка меѓу пратениците во албанскиот Парламент
Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
Цената на нафтата надмина 112 долари за барел
Цената на суровата нафта „брент“ утрово се искачи на 112 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 114,44 долари достигнат на 4 мај. Цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на близу 100 долари за барел, највисоко ниво за пет недели.
Во 2027 година цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти
До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.


