Иран соопшти дека е постигнат напредок за време на преговорите со Оман за управувањето на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, а преговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Исмаил Багеи изјави дека разговорите се водат на ниво на заменици министри за надворешни работии дека тие се фокусирани на безбедно одвивање на поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.
Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека смета оти стратегијата за договор со Иран е паметна, но предупреди дека Американците имаат можност да продолжат со ударите и да ги интензивираат за да „уништат се што имаат Иранците“.
Трамп им порача на новинарите дека Техеран станува „се посериозен во разговорите“.
Слични новости
Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови
Тензиите на Блискиот исток не спласнуваат. Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија воздушни напади врз градот Мансури на југот од Либан, а низ градот одекнувале силни експлозии.
Израел со жестоки предупредувања до Турција да не интервенира во Сирија
„Израел нема да дзволи на ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“ порача Кац и го предупреди турскиот претседател Ердоган да не ја тестира решеноста на Израел да се брани.
Трамп ја најави најразурнувачката економска операција против Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.


