Меѓународниот аеродром во Кувајт денеска беше цел на напад на повеќе беспилотни летала. Властите во Кувајт соопштија дека е причинета материјална штета на аеродромот, но дека во нападот немало жртви.
Поради заканите на Иран врз банките и финансиските центри на Блискиот исток што се пиоврзани со САД, финансиката четврт во Дубаи се евакуира, пренесе Скај њуз.
Како што се наведува, слични наредби за евакуација на филијалите е издадена и во Катар.
Последните денови на Блискиот исток расте бројот на вработени во меѓународните компании, особено во финансикисот сектор кои ги напуштаат заливските земји заедно со своите семејства, а одредени филијали и канцеларии се целосно евакуирани.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
