Нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец достигнаа највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД, покажуваат податоците на поморските служби.
Во октомври биле пријавени повеќе од 30 инциденти, додека во ноември, заклучно со неделата, биле регистрирани најмалку 22 напади.
Во најновите инциденти, три танкери биле погодени во петокот и саботата додека го напуштале теснецот. На бродовите избувнале пожари, но сите членови на екипажите биле пријавени како безбедни.
Зголемените напади дополнително го загрозуваат поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, низ кој пред почетокот на конфликтот минуваше околу една петтина од светската нафта.
Аналитичарите предупредуваат дека Техеран би можел дополнително да ја засили конфронтацијата со цел да изврши притисок врз Вашингтон, додека нарушувањата во транспортот на нафта и гас продолжуваат да создаваат неизвесност на светските енергетски пазари.
Слични новости
Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.