367 одобренија за градење се издадени во јули годинава, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за  74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227  се наменети за објекти од високоградба, 39 за објекти од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција.

 

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.