Мјузиклот „Мама миа“ еден од нјгледаните мјузикли во историјата на театарската индустрија беше одигран за последен пат на Бродвеј. Во последната недела од прикажувањето мјузиклот заработи солидни 1,8 милиони долари, со исполнетост на капацитетот на театарот на Бродвеј од 99 проценти.

Најгледана претстава на Бродвеј и натаму е „Хари Потер и проколнатото дете“ кој заработи 2,4 милиони долари. Хамилтон заработи 1,9 милиони долари, а Викед 1,6 милиони.

Генерално по падот во минатата недела публиката се врати на Бродвеј и е забележан пораст на публиката од 8 проценти, како и раст на заработката на претставите од 6 насто.

 

Слични новости

Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите

Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите

Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.