Во моментов нема услови за одржување на трета меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, изјави македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера изгласа во нацрт-извештајот за Македонија на известувачот, Томас Вајц, да влезе и амандманот на бугарските европратеници со барање за одржување на трет состанок меѓу владите на Македонија и Бугарија во насока на имплементација на Договорот за добрососедство и Протоколот.
„Во овој момент сметам дека нема услови за такво нешто, бидејќи сметам дека во овој момент треба да бидеме посветени на градење на доверба за многу други значајни прашања, а кои што се од стратешка природа“, рече Муцунски.
Муцунски и денеска го повтори ставот на владата дека во овој момент услови за уставни измени нема и оти за да се случи ќе мора да има институционални гаранции и Бугарија да ги исполни своите обврски согласно Европската конвенција за човекови права.
Слични новости
ДУИ бара оставка од директорот на Јазичниот инспекторат
ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик.
Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври
Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.
Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје
Претседателката на Индија, Друпади Мурму од денеска до 23 јули ќе престојува во официјална посета на Македонија, поради што Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.


