Метрополитен музејот во Њујорк неодамна го изложи најстариот сочуван фрагмент од ракописот „Одисеја“ кој потекнува од птоломејскиот Египет.

Датиран е на почетокот на хеленистичкото доба кога била градена Александриската библиотека и почнало собирањето на грчката литература, соопшти Метрополитен музејот.

Се проценува дека папирусот со стуховите од „Одисеја“ изложен во галеријата во Метрополитен потекнува меѓу 285 и 250-тата година пред Христос.

Од Метрополитен наведуваат дека грагментот е убаво испишан со помош на јаглен и вода на папирус, еден од најупотребуваните материјали за пишување во антиката.

 

 

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“