Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), објави „Иран интернешнл“.

По атентатот врз Хамнеи , иранските власти го формираа Советот на лидери, чија цел беше привремено да ги преземе должностите на ајатолахот и да го избере неговиот наследник.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека атентатот врз Хамнеи е „многу горчлив инцидент“ за целата иранска нација и дека срцето на иранската нација е „изгорено“ од овој чин.

Министерот за одбрана на Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.

Слични новости

Во вторник состанок на министрите на Западен Балкан со ЕК – камионџиите од Србија и БиХ и денеска со блокади

Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.