Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), објави „Иран интернешнл“.
По атентатот врз Хамнеи , иранските власти го формираа Советот на лидери, чија цел беше привремено да ги преземе должностите на ајатолахот и да го избере неговиот наследник.
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека атентатот врз Хамнеи е „многу горчлив инцидент“ за целата иранска нација и дека срцето на иранската нација е „изгорено“ од овој чин.
Министерот за одбрана на Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.
Слични новости
Иранската војска повторно ја врати контролата врз Ормутскиот теснец
Иранската војска најави дека повторно ја презема контролата врз Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Иранската револуционерна гарда во соопштение наведе дека теснецот ќе се врати во претходната состојба и дека со подрачјето ќе управуваат вооружените сили.
Иран делумно го отвори воздушниот простор
Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.
САД одобрија продажба на оружје во вредност од 10 милијарди долари за Германија
Одобрението, како што наведува Вашингтон е дел од зајакнувањето на капацитетите на НАТО сојузниците, пренесе германскиот весник „Шпигл“.


