Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи е во исклучително критична состојба и би можел да почине во секој момент, пренесува порталот IranWire, повикувајќи се на два блиски извора со администрацијата на претседателот Масуд Пезешкијан.
Според нивните наводи, Хамнеи не се состанал со ниту еден член на кабинетот од американскиот напад врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејство на 28 февруари.
Од тогаш, Моџтаба Хамнеи го презеде водството, не се појавуваше во јавност, ниту држеше говори, потсетува IranWire. Таквото отсуство од јавниот живот ги подгреа шпекулациите за здравствената состојба на третиот Врховен лидер на Исламската Република.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.