Мотоцикл потпишан од папата Лав XIV ќе биде понуден на аукција во Минхен во сабота, објави аукциската куќа RM Sotheby’s.
Папата потпиша бел мотоцикл BMW во Ватикан во септември, а фотографиите објавени на веб-страницата на аукциската куќа Светиот Отец го покажуваат како седи на него и држи кацига за мотоцикл во рацете.
Возилото беше донесено во Рим од група која дејствува под името „Исусови мотоциклисти“.
Нејзините членови возеле три дена од германскиот град Шафхајм до Плоштадот свети Петар во Рим, а се вели дека моделот е инспириран од папамобилот.
Аукциската куќа RM Sotheby’s вели дека очекува мотоциклот да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 евра на аукцијата во сабота.
Приходите ќе одат во Папските мисии во Австрија, кои ќе ги донират на децата на Мадагаскар.
Слични новости
Финансиерите барале од Скарлет Јохансон да не снима филм за холокаустот
Еден месец пред почетокот на снимањето ја контактирале финансиерите на филмот кои и порачале дека не им се допаѓа сценариото во која главната протагонистка на филмот, Еврејка, лажно тврди дека била жртва на Холокаустот и ја прашале дали може да ја смени темата.
Семејството на Брус Вилис објави дека по неговата смрт ќе го донира неговиот мозок за науката
Семејството на Брус Вилис објави дека по смртта на славниот актер ќе го донира неговиот мозок во научни цели, со цел да се проучува фронтотемпоралната деменција од која боледува глумецот.
Лијам Галагер: Европа ми е омилена земја
Галагер најави дека негова божиќна жеба е европска турнеја. Континентнална Европа не беше опфатена со турнејата на „Оазис“ во 2025. Галагер рече дека е одушевен од идејата бендот да свири ширум Европа и дека тоа ќе биде библиски.


