Мотоцикл потпишан од папата Лав XIV ќе биде понуден на аукција во Минхен во сабота, објави аукциската куќа RM Sotheby’s.
Папата потпиша бел мотоцикл BMW во Ватикан во септември, а фотографиите објавени на веб-страницата на аукциската куќа Светиот Отец го покажуваат како седи на него и држи кацига за мотоцикл во рацете.
Возилото беше донесено во Рим од група која дејствува под името „Исусови мотоциклисти“.
Нејзините членови возеле три дена од германскиот град Шафхајм до Плоштадот свети Петар во Рим, а се вели дека моделот е инспириран од папамобилот.
Аукциската куќа RM Sotheby’s вели дека очекува мотоциклот да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 евра на аукцијата во сабота.
Приходите ќе одат во Папските мисии во Австрија, кои ќе ги донират на децата на Мадагаскар.
Слични новости
Јапонија ја ангажира армијата и дронови кои емитираат звуци од лаење на кучиња заради зачестените напади од мечки
Проблемот со мечките во Јапонија е станат толку сериозен што британската влада додаде предупредувања на мечки во своите патни препораки за Јапонија.
Зохран Мамдани станува политичката икона на либералниот Холивуд
Победата на Зохран Мамадани во Њујорк е првиот драматичен пораз во втората ера на Доналд Трамп кој значи препород на земјата и препород на Холивуд, пишува Холивуд Рипортер.
Анџелина Џоли го посети Херсон
Американската суперѕвезда и амбасадорка на добрата волја на УНИЦЕФ Анџелина Џоли денеска го посети украинскиот град Херсон.


