Портпаролот на Кремљ Дмитирј Песков денеска изјави дека Москва и Киев го продолжуваат дијалогот со Вашингтон, користејќи ги своите канали за комуникација.
Песков негираше дека има планирано посета на преговарачите Виткоф и Кушнер по православниот Велигден на Москва и Киев и рече дека нема никакви сознанија за таква посета.
Песков рече и дека евентуалните трилатерални преговори во моментов се на чекање, затоа што САД имаат многу други приоритети. Но, тој порача дека Москва преговара со вашингтон, а истото го прави и Киев.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
