Обидот на Киев да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин е терористички чин со цел да се саботира преговарачкиот процес, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин одржуваат и натаму дијалог и покрај провокациите на Украина.

Негирањето на украинскиот претседател Зеленски дека Украина извршила напад со дронови врз путиновата резиденција Песков го нарече „лудо“. Гледаме дека Зеленски и многу западни медиуми се обидуваат да го негираат нападот на резиденцијата на Путин, рече Песков.

Кремљ смета дека нападот е обид да се саботира преговарачкиот процес и дека дипломатските последици од овој напад ќе бидат заострување на преговарачката позиција на Зеленски.

Слични новости