Русија во петокот ги повика САД да разјаснат, како што ги нарече, контрадикторни сигнали за продолжување на нуклеарните тестови, велејќи дека таков чекор би предизвикал сериозни реакции од Русија и други земји.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица ѝ нареди на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање на нуклеарно оружје по 33-годишна пауза. Но не беше јасно дали Трамп се осврнува на тестотви на летови на ракети способни да носат нуклеарни боеви глави или на проби коишто вклучува нуклеарни експлозии – нешто што ниту САД ниту Русија не го направиле повеќе од три децении.
Според официјалните податоци, САД последен пат спроведоа нуклеарни тестови во 1992 година, Кина и Франција во 1996 година, а Советскиот сојуз во 1990 година. Постсоветска Русија, која го наследи советскиот нуклеарен арсенал, никогаш не го стори тоа.
„Ако е второто, тогаш тоа ќе создаде негативна динамика и брзи чекори од други земји, вклучително и Русија, како одговор“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
„Засега, забележуваме дека сигналите што доаѓаат од Вашингтон, кои предизвикуваат оправдана загриженост во сите делови на светот, остануваат контрадикторни и, се разбира, вистинската состојба на работите мора да се разјасни“, додаде дипломатката.
Со оглед на недостигот од јасност околу плановите на САД, претседателот Владимир Путин во средата им наложи на високите функционери да подготват предлози за Русија да спроведе свој потенцијален нуклеарен тест како одговор на каков и да е таков потег на САД.
Безбедносните аналитичари велат дека продолжувањето на тестирањата од страна на која и да е од светските нуклеарни сили би бил дестабилизирачки чекор во време на акутна геополитичка тензија, особено поради војната во Украина, и веројатно би ги охрабрило другите земји да го следат примерот.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


