Славниот американски актер Морган Фриман во својата долга низа уметнички оставрувања која трае повеќе од 60 години ќе придодаде и продукција на блуз албум. Тој заедно со познати блуз музичари ќе издаде албум од 12 песни кои ја документираат стогодишнината на блузот.

Фриман е продуцент и наратор на проектот насловен како „Симфониското блуз искуство на Морган Фриман“. Албумот ќе го издаде на 7 -ми август Дека Рекордс.

Во изјавата за албумот Фриман рече дека блузот има корени од западна Африка кои дојдоа на Американскиот југ, а блузот стана сведоштво на нескршливиот човечки дух и звук на минатото и сегашноста на Америка кој не смее да биде заборавен.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.