Американската банка Морган Стенли отпушти 2.500 работници во своите одделенија.

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.

Ројтерс пренесува дека намалувањето на бројот на работните места во банката нема да влијае врз финансиските советници.

Морган Стенли е една од најголемите инвеститицкси банки на светот со над 80.000 вработени и работи во над 40 земји во светот.

Слични новости

Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп

Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард