За разлика од Србија, која веќе испрати авиони за своите граѓани, македонските власти во моментов како најбезбедна опција ја разгледуваат репатријацијата преку копнен пат.
Се планира транспорт со автобуси од ОАЕ до Саудиска Арабија ( пат кој трае 13-15 часа) од кадешто граѓаните би се префрлиле на авионски летови од побезбедни аеродроми.
Саудиските власти веќе најавија подготвеност да издаваат хуманитарни визи на граница за оваа намена.Една од опциите кои се разгледуваат е можноста за евакуација преку копнената граница со Оман.
Според официјалните соопштенија од македонското МНР, во овој момент не постојат безбедни услови за директни евакуациски летови од аеродромите во Дубаи и Абу Даби за македонските авио-превозници или чартер летови, бидејќи воздушниот простор се смета за ризичен.
Над 400 македонски граѓани изразиле желба веднаш да бидат евакуирани. МНР соопшти дека е во постојан контакт со „пријателски земји и партнери“ за координирано извлекување.
Слични новости
Македонија е стабилна и безбедна заклучено на седницата на Советот за безбедност
Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања
Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.
Бројот на заболени од грип се намалува
Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.


