Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури. Најстудено беше во Берово со -13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11, во Битола -10, степени.
Во текот на денот, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди.
Попладне, претежно во западните делови, се очекува појава на повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3 степени.
Слични новости
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за трагедијата во Карпош
Од СДСМ велат дека непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, и недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.
Евакуациски авион слета во Србија со 67 луѓе кои бегаат од Израел, меѓу нив и Македонци
Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници, меѓу кои и македонски граѓани слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија
Мицкоски -Руте: Потврдена македонската определба за јакнење на соработката со НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот.


