Многу студено време со минусни температури се регистрирани низ целата држава.
Според податоците на УХМР, најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -16 степени, во Маврови Анови се измерени -14 , а во Крушево -13 степени.
Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер повремено ќе засилува и, ќе го зголеми чувството на студ.
Максималните температури денеска во најтоплите делови во државата едвај ќе достигнат 3 степени.
Слични новости
Уапсен 18 годишник од тетовска Палатица поради закани дека ќе постави бомби во средно училиште
СВР Тетово информира дека вчера е лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште.
30 насто од клиентите на е-шопинг во Македонија се пожалиле на проблеми
Во Македонија 29,41 насто од купувачите се пожалиле на проблеми при е-шопинг, покажува истражувањето на Евростат од 2025 за користење на информатичко-комуникациските технологии.
Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик
Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.


