Двете најголеми светски економии на САД и на Кина се очекува да имаат помал стопански раст во однос на минатата година, се наведува во објавените изгледи на ММФ. Прогнозата за економскиот раст на САД изнесува 2 посто во 2025 и 2,1 во 2026, што е сериозен пад во однос на растот од 2,8 насто во 2024.

И за Кина се предвидува помал раст во споредба со 2024 кога растот изнесуваше 5 проценти. Годинава ММФ проектира раст на Кина од 4,8 насто, а во 2026 4,2 насто.

Најдрастичен пад на растот ММФ очекува во Русија од минатогодишните 4,3 насто на 0,6 насто годинава и 1 насто следната година.

Во еврозоната, Велика Британија и Јапонија се очекува благ раст од околу 1 насто.

Слични новости

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел